Големиот пожар за време на скопската чума – интерпретациска тура
  • Големиот пожар за време на скопската чума – интерпретациска тура

8.09 €
Product Code: 2
Availability: In Stock
Qty:

Вратете се назад во времето и прошетајте со нас низ објектите кои го преживеале „Големиот палеж на Скопје“ на 26.10.1689 година. Низ призмата на повеќе феномени, ќе ја раскажеме приказната за животот на луѓето во времето кога наоколу беснеела чумата, како и за пожарот кој во текот на еден ден го сменил дотогашниот лик на Скопје. Оваа тура која опфаќа интерпретација на луѓе и настани од минатото, вклучува непосредна интерактивност со посетителите. Преку презентирање на повеќето од причините кои довеле до спалувањето на Скопје, посетителите ќе имаат можност и самите да направат оддерени реконструкции на некои настани. 

Австрискиот генерал Енеа Силвио Пиколомини (~1640-1689), италијански благородник со потекло од Сиена (Италија), водел голем број на воени кампањи против Османлиската Империја на териториите на денешно Косово, Босна и Херцеговина и Македонија. За време на една од неговите офанзиви, пристигнал до Скопје, во период кога градот веќе бил зафатен од голема епидемија на колера. Официјално, генералот Пиколомини наредил да се запали Скопје поради тоа што неговите сили не можеле да окупираат или да управуваат со град кој бил на многу голема оддалеченост од Виена, седиштето на Австроунгарската империја. Друга „неофицијална“ причина за неговата одлука веројатно била т.н. „скопска чума“ што беснеела во тоа време во градот. По овој настан, не само што Скопје било уништено, туку неговото население се десеткувало и градот го изгубил своето регионално значење како трговски центар. На Скопје ќе му бидат потребни повеќе од 200 години да закрепне од овој палеж, кој се помни и денес кај локалното наслеление.

Итинерар: Скопското Кале, Музејот на Старата скопска чаршија, Црквата Св. Спас, Еврејско маало, Камен мост.

Целта на оваа тура е преку интензивна интеракција со посетителите, да се осврне на локалната историја на градот Скопје и да даде увид во настани или личности кои се многу малку застапени во историските извори.

Од падините на планината Водно, генералот Пиколомини го набљудуваше огнот:

... Тогаш решив, иако не од се срце, градот да го закопам во пепел. Ми беше жал за зградите, какви во оваа војна уште не бев видел; џамиите од најдобар мермер и порфир, украсени со илјадници кандила и позлатени алкорани, на кои би им посветил внимание човек и од Рим; потоа убавите старини, градини и места за забава, иако според варварски вкус направени, големите средства за живот, сето тоа, сакал-неќел, морам на пламенот да го дадам ...”

ДОБИВАТЕ
Едукативна интерпретациска тура за „Големиот пожар во Скопје за време на чумата“
Подарок за спомен од организаторот

Датум: 18.04.2021 (недела)
Зборно место: На паркингот пред капијата на Скопското кале
Време на поаѓање: 10:00 ч.
Времетраење: 2 часа
Јазик: Македонски
Реквизити: Мапи, историски документи и стари фотографии и разгледници
Водич: Василка Димитровска, магистер по археологија, директор на ХАЕМУС и професионален туристички водич
Организатор: ХАЕМУС - центар за научно истражување и промоција на културата – Скопје

*Оваа едукативна тура се организира под мотото на УНЕСКО за Отворени Едукативни Ресурси (ОЕР)
* Настанот е во соработка со Град Скопје

УСЛОВИ

Пред да уплатите за турата, потребно е да се информирате на мејл во ХАЕМУС за слободни места.
По купување на купонот, задолжително контактирајте нѐ.
Билетите се ограничени на 12 луѓе.
По купување на билетот, задолжително контактирајте нѐ за потврда на место во групата. Во цената нема дополнителни трошоци за влезници
Оваа тура не важи за лиценцирани туристички водичи и придружници на Република Македонија.
Независно од временските услови, турата ќе се одржи.

ПРЕПОРАКИ:

Интерпретациската тура ќе биде организирана согласно протоколот за реализирање на настани на отворен простор.
Задолжително е носење на маска, дезинфекција на раце и одржување растојание од 1,5-2 метри во текот на целиот настан.

Write a review

Your Name:

Your Review:

Note: HTML is not translated!

Rating: Bad Good

Enter the code in the box below:

Tags: Tour
Haemus © 2022. UKION SHOPS